Дури 32 меча се играа вчера во европските купови, по 16 во Лигата на Европа и 16 во Конференциската лига, па понудата за играње беше одлична. Еден храбар обложувач од Петровец со тактика да има барем по еден гол во првото и еден погодок во второто полувреме успеа да погоди осум натпревари.
Со играта 1+I& 1+II на вложени 3.000 денари, нето-добивката е 122.464 денари, односно само со 50 евра евра си заработи 2.000 евра.
ПЕНАЛИТЕ НА ДВА МЕЧА БЕА МНОГУ СРЕЌНИ, ЧЕТИРИ МЕЧА ЗАВРШИЈА КАКО ПОД КОНЕЦ
Четири од осумте средби кои беа одиграни завршија само со по два гола, но во сите четири средби погодоците беа распоредени како што треба, односно да има по еден гол во првото и еден во второто полувреме.
На две средби буквално во последните секунди беа постигнувани погодоци кои беа потребни. Чиро Имобиле погоди од пенал во 45-тата минута за водство на Лацио од 1:0 против Штурм, додека Еспозито, исто така од пенал, но во 89-тата минута даде гол за Андерлехт и намали на 1:2 против Вест хем откако Чеканите постигнаа два погодоци во првиот дел.
Погодените мечеви се Бетис – Рома 1:1(1:0), Нант – Фрајбург 0:4 (0:1), Лацио – Штурм 2:2 (1:0), Клуж – Славија Прага 2:0 (1:0), Партизан – Келн 2:0 (1:0), Шемрок – Молде 0:2 (0:1), Ројал Унион – Брага 3:3 (1:3), Вест хем – Андерлехт 2:1 (2:0).