Фројлер го рани европскиот првак: Швајцарците водат на полувреме против Италија (Видео)

Европскиот првак Италија е пред елиминација во осминафиналето на ЕВРО 2024, доколку во второто полувреме тимот на Лучијано Спалети не покажe многу подобра игра од првиот дел, во кој Швајцарија обезбеди водство од 1-0. Ремо Фројлер беше стрелец на голот за својата селекција во 37.минута.

Тој одлично се снајде во шеснаесетникот на Аѕурите и со силен и прецизен удар ја претвори во гол асистенцијата на Варгас.

Претходно, Швајцарија имаше убава шанса и преку Брил Емболо, но Џанлуиџи Донарума успеа да го одбрани неговиот удар.

- Оглас -

Најнови вести