Фронтален напад на Кит-Го Пехчево – Торпедиран е Партизан со 11:0

Кит-Го Пехчево го декласира Партизан Обршани во сите елементи на фудбалската игра и славеше со неверојатни 11:0 во меч од претпоследното коло во Втората македонска Лига Исток.

Домаќините постигнаа пет гола во првото полувреме, а ја продолжија канонадата со шестка во вториот дел. И имаа неверојатни 51 удар на мечот, 34 од нив во рамките на голот што е вистински подвиг.

Фронталаниот напад не го издржа тимот од Обршани, кој за чудо не упати ниту еден удар кон голот на домаќините и загуби со највисока разлика во шампионатот.

Ова е највисока победа во Лигата сезонава и тоа постигната на едно коло до крајот.

- Оглас -

Најнови вести