Фрозиноне и Киево покажаа зошто испаднаа

Фрозиноне и Киево покажаа зошто испаднаа од Серија А и одиграа досаден последен меч за разделба со елитата. Двете последнопласирани екипи не успеаја да постигнат гол и мечот заврши со резултат 0:0.

Киево го заврши првенството со само две победи во 38 кола и како убедливо последен на табелата со 17 бодови се сели во Серија Б. Во текот на првенството „летечките магариња“ беа казнети со три бода од италијанската фудбалска федерација, но и со нив немаше да го избегнат испаѓањето.

Фрозиноне со серија од 7 меча без победа исто така се прости од Калчото, а освои само 25 бодови. Мечот што имаше многу малку фудбалски елемненти за забележување ќе се памети можеби само по простувањето на Серж Пелисие.

На 40-годишна возраст големата легенда на Киево ја заврши кариерата, откако мина неверојатни 18 години и 10 месеци во клубот од Верона, што е најдолг период од сите активни фудбалери во моментов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести