14.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

ФС на Русија има поддршка од седум држави за враќање на меѓународна сцена

Почетокот на војната во Украина значеше и суспензија на Русија од сите меѓународни натпреварувања. Руските репрезентации и клубови во речиси сите спортови веќе три ипол години се исфрлени од меѓународните натпреварувања, но руските медиуми денес пренесуваат информација дека наскоро тоа може да се промени, барем кога станува збор за фудбалот.

Седум држави, од кои пет од регионов, даваат поддршка за враќање на рускиот фудбал на меѓународна сцена, додека три земји поддржуваат ублажување на казните кога станува збор за женскиот и младинскиот фудбал.

Русија има комплетна поддршка од Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Грција, Унгарија, Казахстан и Азербејџан, додека за делумно укинување на суспензијата се Шведска, Финска и Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести