ФС на Србија до навивачите: „Може да внесувате само државни знамиња, се друго е забрането“

Српските навивачи во голем број и од сите страни пристигнуваат во Гелзенкирхен за мечот против Англија, кој се игра вечерва во 21 часот. Германската полиција е на готовс, се со цел да се спречат можни инциденти, а пред мечот се огласија и од Фудбалскиот сојуз на Србија со порака до навивачите.

„Фудбалскиот сојуз на Србија ги известува сите навивачи дека на вечерниот натпревар помеѓу Србија и Англија во Гелзенкирхен ќе биде дозволено само внесување на официјалното знаме на Република Србија и на ФСС. Други банери, знамиња или транспаренти нема да може да се внесат на стадионот.“ – стои во извесувањето од ФСС.

Тоа значи дека на стадионот нема да може да се внесат ниту знамиња и транспаренти со пораки за Косово и Република Српска, како и банери со имиња на градови и политичка содржина.

- Оглас -

Најнови вести