Актуелниот македонски шампион, Шкендија, утре ќе се соочи со романскиот ФЦСБ на домашен терен, во првиот меч од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.
Поради одржувањето на Европскиот младински олимписки фестивал, реномираниот тим од Романија својот официјален тренинг пред натпреварот го одржа на тренинг-центарот на Фудбалската федерација на Македонија – „Петар Милошевски“.
Шкендија исто така тренираше на теренот на ФФМ.
Средбата ќе се одигра утре на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 20 часот.