11.8 C
Skopje
четврток, 16 октомври 2025

ФЦСБ со магичен пресврт ја победи Дрита, Лозана на чекор од плејоф на КЛ

Косовскиот шампион Дрита беше на прагот на сензационален резултат на гостувањето кај ФЦСБ, но Романците со магичен пресврт надополнија негатива од два гола и на крајот победија.

Екипата од Букурешт двапати загуби од Шкендија, а сега беше на прагот од нов пораз, овојпат во Лигата на Европа, со оглед на фактот дека Дрита имаше убедливи 0-2. Сепак, во второто полувреме имаше комплетен пресврт и победа на ФЦСБ од 3-2 со гол од пенал во 94-тата минута.

Екипата на Лозана, која во претходното коло од Конференциската лига го елиминира Вардар, дојде до нова победа на домашен терен, овојпат над Астана со 3-1. Швајцарците имаа убедливи 3-0, но гостите од Казахстан со гол во 90-тата минута го намалија резултат и ги задржаа барем теоретските шанси за пласман во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести