9.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Фудалерите до 19 години минимално поразени од Белгија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години доживеа минимален пораз (1-0) од Белгија во Гимараиш, во првиот натпревар на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство.

Стрелец на единствениот гол беше Мусуаи во 72-рата минута. Тој погодок беше доволен за победа и три бода за младите репрезентативци на Белгија, кои пред натпреварот важеа за големи фаворит.

Македонија во поголемиот дел од мечот се бранеше, и тоа успешно.

Следните натпревари од групата 11, Македонија ќе ги игра против Португалија на 15 ноември и против Естонија на 18 ноември.

- Оглас -

Најнови вести