Фудбал на белоруски начин – мерење температура при влез, чирлидерки… (Фото)

Белоруското фудбалско првенство продолжи денеска со два меча од третото коло. Динамо Минск по поразите во првите две рунди, конечно дојде до првата победа, со 2-0 го совлада Торпедо Белаз од Жодина. На овој меч имаше само 411 гледачи, иако стадионот има капацитет од 22.000 места за седење. На другата средба се собраа 405 гледачи, но тој стадион има само 1.500 седишта, па беше солидно пополнет.

Танчерките на Динамо ја забавуваа малубројната публика на паузата, популарните чирлидерки не беа со заштитни маски и се однесуваа како пред Коронавирусот.

При влезот на стадионот, секој мораше да мине низ мини-лекарски преглед, поточно на посетителите им беше мерена температура. Наредбата беше сомнителните да бидат вратени дома и да не им се дозволи да влезат на стадион.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести