Фудбал опасен по живот – Мароканците едвај ги евакуираа од Гвинеа, Аргентинците шокирани пристигнаа дома (Видео+Фото)

Фудбалската експедиција на Мароко е евакуирана од Гвинеа, каде што дури и стравуваа за своите животи, по воениот удар што е во тек во оваа земја.

Избраниците на Вахид Халилхоџиќ и буквално како на филм побегнале од хотелот и успеале да стигнат до аеродромот во Конакри и утрово слетаа во Рабат.

Мечот од квалификациите за Мундијалот во Катар е одложен и непознато е засега дали Мароко ќе го добие со службен резултат или ќе се игра во нов термин.

Мароканците беа заглавени речиси цела недела во хотел во главниот град на Гвинеа, но, сепак, успешно се евакуирани од Конакри.

Шокантни сцени имаше и во Сао Пауло, каде што Бразил и Аргентина го почнаа вечното дерби, но беше прекинато само по пет минути игра, откако претставници на Агенцијата за јавно здравје на Бразил влетаа на теренот за да ги депортираат четворицата играчи на гостите коишто играат во Англија, во Премиер лигата.

По целиот калабалак што го приредија членовите на Анвиса, мечот беше прекинат, а Аргентинците се вратија дома и веќе слетаа во Буенос Аирес.

 

 

- Оглас -

Најнови вести