Македонската женска фудбалска репрезентација одигра нерешено 1:1 против Молдавија, во меч од третото коло во квалификациите за Европското првенство.
Улза Максути погоди во 52-рата минута за водство на Македонија, но радоста на нашата селекција траеше само три минути. Табур во 55-тата минута израмни на 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.
По три кола, Македонија има четири бода, додека Молдавија го освои првиот бод.