По предлози од националните спортски федерации, одредени се номинациите за традиционалниот избор „Најдобар спортист на Македонија за 2025 година“. Гласањето трае до 11-ти, а свеченоста на прогласување на најдобрите е закажана за 18-ти декември.
Во категоријата спортист на Македонија во машка конкуренција се фудбалерот Енис Барди, боксерот Ален Рустемовски, кик-боксерот Стефан Михајловски, атлетичарот Андреас Трајковски и борачот Владимир Егоров.
Кај жените, кандидатки за признанието се каратистката Ангела Мојсовска, фитнес и боди-билдинг шампионката Катерина Попева, фудбалерката Александра Марковска, џиу-џицу борачката Катерина Ацевска и шампионката во спортски танци Сашка Колевска.
Номинации за најдобар тренер добија: Магомед Ибрагимов (борење), Методија Ангелевски (пливање), Кирил Лазаров (ракомет), Дејан Митровски (кик-бокс) и Кристијан Кајчевски (атлетика).
Награди ќе бидат доделени и во категориите: најдобра репрезентација, најдобар млад спортист и спортистка (до 20 години), најуспешен спортист со инвалидитет и најуспешна спортска федерација.

