-7.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Фудбалер доби доживотна забрана поради крвнички старт врз противник (Видео)

Индонезиската фудбалска федерација на итна седница му изрече доживотна суспензија од фудбалот на Мухамед Хилми Гимнастијар, играч на четвртолигашки клуб, а ќе мора да плати и казна од околу 2.800 долари.

Хилми доби црвен картон за еден крвнички старт кога крампоните од копачките ги заби во градниот кош на противнички играч, но тоа беше најблагата од сите казни бидејќи никогаш повеќе нема да му се врати на играњето фудбал. Повредениот играч заврши во болница, но мина без посериозни последници. 

Ова не е прва ваква доживотна забрана во четвртата лига на Индонезија. Порано сезонава и Дви Пилијант Нугрох удри противнички играч во вилицата со копачките (не доби црвен картон), предизвикувајќи му повеќекратни скршеници на коските на лицето, исто така веќе нема да смее да игра фудбал. 

- Оглас -

Најнови вести