Репрезентативецот на Еквадор, Брајон Кастиљо по крајот на средбата против Аргентина му го побара дресот на Лео Меси.
Прославениот аргентински фудбалер му ја исполни желбата на Кастиљо, кој откога го доби, му се израдува како мало дете.
А како и да не биде радосен кога, и покрај тоа што беа ривали на теренот во мечот кој заврши 1:1, го доби дресот од еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, па затоа и неговата реакција е јасна и сосема очекувана.
Воедно, за радоста да биде поголема за Еквадор, тие се пласираа дирекно во групната фаза на Светското првенство, каде што денеска од 17 часот го очекуваат ждребот.
The reaction of Ecuadorian player Byron Castillo after receiving Lionel Messi's Argentina shirt. This via TNT. pic.twitter.com/6ukuUGyukk
— Roy Nemer (@RoyNemer) March 31, 2022