Фудбалерот на мексиканскиот Чивас, Роберто Алверадо, го направи најглупавиот и најсрамниот потег на фудбалските терени оваа година. Тој на прес-конференцијата влезе во салата за новинари и фрли петарда, а таа кога експлодира, повреди еден од снимателите.
Новинарите, снимателите и фоторепортерите во знак на протест ја напуштија салата, а фудбалерот по настапот се извинуваше и велеше дека целта му била да се пошегува. На медиумските работници им се извинија и од клубот.
https://twitter.com/chapis_herrera/status/1841899386969751625?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1841899386969751625%7Ctwgr%5E58b62811d8ad7c541b9fa91fd144478caf3504a9%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-nogometas-bacio-petardu-medju-novinare-nastradao-jedan-kamerman%2F2603822.aspx
„Неверојатно е тоа што се случи денес во Чивас. Скоро 15 години ја покривам оваа екипа, но ова никогаш не се случило. Ова не беше шега“, напиша новинарката Карина Ерера, која била една од присутните на прес-конференцијата.