29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Фудбалер го раскина договорот со клубот за да учествува во реално шоу

Грчкиот фудбалер Савас Генцоглу направи потег со кој најави крај на кариерата – си замина од клубот за да биде дел од реално шоу.

Фудбалерот (34 години) го раскинал договорот со екипата на Кавала за да отпатува во Санто Доминго, главниот град на Доминиканска Република, каде што ќе учествува во грчкото реално шоу „Сурвајвер“ кое ќе започне да се емитува на седми јануари.

Според грчките медиуми, Генцоглу за да биде дел од шоуто, од организаторите побарал хонорар од 10.000 евра и освен него, во грчкото издание на „Сурвајвер“ ќе учествуваат и новинари, пејачи, актери, атлетичари, сопственици на ноќни клубови и ММА борци.

- Оглас -

Најнови вести