Фудбалер ја отвори душата и призна дека е хомосексуалец

Младиот австралиски фудбалер Џош Кавалјо преку социјалните мрежи објави дека е геј. Играчот на Аделаида јунајтед не можел да издржи и решил јавно да ја открие неговата тајна.

„Јас сум фудбалер и сум хомосексуалец. Сè што сакам е само да играм фудбал и да бидам рамноправен на теренот“, беше пораката на Карвалјо пред камерата.

Џош призна дека е уморен од обидите да живее двоен живот и дека тоа го исцрпило.

„Веќе шест години се борам со мојата сексуалност и мило ми е што конечно можам да го прекинам тоа“, додаде Карвалјо.

- Оглас -

Најнови вести