15.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Фудбалер кој нема одиграно ниту минута за Барселона е цел на најголемите европски клубови

„Чудото од Кустошија“, како што го нарекоа медиумите кога направи сензационален трансфер од хрватски третолигаш во Барселона, сега е цел за трансфер на многу екипи од цела Европа. Фудбалерот од Сенегал, Микајл Фаје, сè уште нема одиграно ниту минута за сениорска екипа на Каталонците, а само еднаш беше на клупата за резерви, на дуелот против Мајорка.

Сепак, неговите одлични игри за втората екипа на Барселона, но и за репрезентацијата на Сенегал, не останаа незабележани од европските екипи. Во моментов позната е понудата на Ленс, од каде што нудат девет милиони евра за неговите услуги, но интерес има и од Манчестер јунајтед, Баерн Минхен, Челзи, Жирона, Борусија Дортмунд и Арсенал.

Така младиот фудбалер ќе може да бира каде ќе ја продолжи својата кариера или пак можеби ќе се одлучи да остане во Каталонија. Според информациите од шпанските медиуми, раководството на Барселона посакува за него да добие 25 милиони евра, во спротивно тој ќе остане на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести