32.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Фудбалер крвав и без свест падна на тревата, избезумената мајка втрча на терен да му помогне на синот (Фото)

Екипите на Чукарички и Војводина одиграа меч кој заврши нерешено 2:2, а освен четирите погодоци, дуелот го одбележа и еден немил настан. Пред крајот на првото полувреме кога гостите водеа со 2:1, по еден воздушен дуел, двајца фудбалер се судрија со главите и веднаш паднаа на земја.

Од овој дуел најмногу настрада домашниот фудбалер, Војин Серафимовиќ. Младиот 18-годишен играч на Чукарички ја загуби свеста, а главата му беше облеана со крв. Лекарската екипа веднаш реагираше и му даде прва помош.

Целата оваа немила ситуација од трибините ја гледаше и мајката на Серафимовиќ, која не издржа и влезе на теренот во обид да види што е со нејзиниот син. Повредениот фудбалер беше однесен во болница, а според првичните информации тој се здобил со скршена аркада, па затоа имал обилно крварење, а имал и потрес на мозокот, но за среќа сега ситуацијата му е многу подобра.

- Оглас -

Најнови вести