Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Мохамед Елнени, одлучи да формира сопстствен клуб кој ќе се вика едноскавно ФК Елнени или во оригиналната верзија Elneny FC.
Слоганот на клубот е “место каде талентите ќе ја добијат својата шанса“, а во моментов е во потрага по фудбалери кои имаат помеѓу 16 и 25 години и сакаат да играат за неговиот клуб.
Дел од тренинзите и натпревари ги води лично египетскиот интернационалец, кој во Арсенал пристигна во 2016-тата од Базел, а откако пристигна помеѓу “топчиите“ една сезона како позајмен играше и во Бешикташ.
Мохамед Елнени за Арсенал има одиграно вкупно 156 натпревари, на кои постигнал шест голови, а актуелниот договор му завршува следното лето.