Фудбалер на Баер Леверкузен не знае како изгледа македонското знаме (Видео)

Фудбалерите на Баер Леверкузен играат одлично сезонава, се уште немаат пораз, но дел од ѕвездите „слабо стојат“ со географија.

Прес-службата на Баер Леверкузен објави видео на социјалните мрежи на кое ги тестираше знаењата на Жереми Фримпонг и Натан Тела. Тие добија задача да ги погодат знамињата на земји од целиот свет.

На Фримпонг му се падна македонското знаме, и иако прво рече дека го знае точниот одговор, рече Гибралтар и беше казнет со удар со перниче по глава. За разлика од Фримпонг, Тела го знаеше точниот одговор.

https://twitter.com/i/status/1733064877848035470

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести