Фудбалер на Барселона изјави дека никогаш не слушнал за Гасперини

Дефанзивецот на Барселона, Алехандро Балде, призна дека е многу мотивиран пред натпреварот на неговиот тим против Аталанта во Лигата на шампионите, но никогаш не го слушнал името на тренерот на противникот, Џанпјеро Гасперини.

Балде сепак го пофали италијанскиот тим, кој минатата сезона ја освои Лигата на Европа, но беше изненаден од прашањето на италијанскиот новинар за стилот кој го наметнува Гасперини.

„Аталанта е одличен тим, мислам дека имаат одлична сезона во Серија А. Но, за кого зборувате? За играч? Никогаш не сум го слушнал тоа име”, одговори Балде.

Потоа призна дека не го познава Гасперини.


„Вистината е дека немам идеја, не знам за кого се работи. Претпоставувам дека е добар“, дополни фудбалерот на Барселона.

Италијанските медиуми едвај дочекаа тоа да го претстават како еден вид понижување за Аталанта и за искусниот тренер Гасперини.

Аталанта изгуби само еден од досегашните седум натпревари во Лигата на шампионите и е на седмото место со 14 поени, обезбедувајќи си учество најмалку во плејофот на турнирот. Барселона е на второто место со 16 поени.

- Оглас -

Најнови вести