Франк Кеси, фудбалерот на Барселона и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска се одмора во татковината и со еден потег ги налути навивачите на каталонскиот тим, кои тешко ќе му простат ако и следната сезона остане на „Камп ноу“.
На социјалните мрежи се појави видео од Кеси кој на себе има дрес на Баерн Минхен, и бели шорцеви со зелен број 8. Токму такви шорцеви носат фудбалерите на Реал Мадрид, а осумката е на Тони Крос.
What is Frank Kessie doing? pic.twitter.com/w0BX1ulmbX
— Abdul (@AbdulAL97) June 26, 2023
Иако засега не е потврдено дека Кеси е во шорц на Реал Мадрид, фановите се убедени дека е така. Останува да се види како ќе реагираат челниците на Барселона, кои најавија дека летово нема да имаат проблем да се разделат со фудбалерот доколку пристигне интересна понуда.