Фудбалер на Барселона на тренинг пристигна со неговата мајка, а обезбедувањето не му дозволи да влезе во тренинг-кампот

Екипата на Барселона денес и официјално ги започна подготовките за новата сезона. Кон правата екипа на Kаталонците беше приклучен и младиот 17-годишен По Прим, кој во кампот @Жоан Гампер“ пристигна со неговата мајка.

Сепак, обезбедувањето не им дозволи да влезат во тренинг-центарot, иако и многубројните новинарски екипи потврдија дека се работи за фудбалер на Барселона.

Мораше да биде контактиран клубот и луѓето од обезбедувањето да добијат потврда дека навистина се работи за фудбалер, па да му дозволат да влезе во кампот на Барселона.

Прим целата кариера ја мина во младинските категории на Барселона, а сега првпат доби повик да тренира со првата екипа.

- Оглас -

Најнови вести