Фудбалер на Барселона потпиша за Бетис, па за четири дена си замина во Саудиска Арабија

Алекс Коладо преку Aкадемијата стигна до првата екипа на Барселона, а потоа беше позајмуван во Елче и Гранада. Дваесет и четиригодишниот фудбалер забележа само два настапи за првата екипа на Каталонците, а само пред четири дена го направи својот прв трансфер и како слободен агент потпиша за Бетис.

Сепак, неговиот престој во Бетис траеше само четири дена бидејќи веќе денес потпиша за Ал-Оход, еден од поскромните прволигаши во првенството на Саудиска Арабија.

Тој во Саудиска Арабија ќе мине една сезона како позајмен од Бетис, а потоа ќе се врати на „Бенито Виљамарин“.

- Оглас -

Најнови вести