Фудбалерот на Бока јуниорс, Едуардо Салвио, го постигна најмајсторскиот гол за оваа година.
Ќе беше навистина голема штета доколку оваа велемајсторија останеше незабележано од страна на светските медиуми, кои со задоцнување од два дена почнаа да објавуваат за ова мало ремек-дело.
Салвио на мечот против Централ Кордоба, во 22-та минута на маестрален начин со петица ја зафати топката, којашто се одби од земјата.
Бока славеше со преубедливи 8:1, а ова дефинитивно беше најфудбалскиот момент на целиот натпревар.
Од 18 часот, Бока игра против Барселона во рамките на Марадона купот.