Веројатно сон за секој фудбалер е да заигра за славниот Реал Мадрид, но ова не се однесува за играчот на Динамо Загреб, Мартин Батурина. Дваесет и едногодишниот офанзивен фудбалер од средниот ред одигра импресивни партии за загрепчани и по препорака на Лука Модриќ се нашол на радарот на Кралскиот клуб, а Динамо Загреб налето ќе го продаде и очекува сума од околу 30 милиони евра.
Сепак, Батурина и не е премногу расположен за трансфер во Реал Мадрид и сака својата кариера да ја продолжи во Бундеслигата, а неговите менаџери веќе се во контакт со заинтересираните екипи. Планот на Кралевите е да купат, а потоа да го пуштат како позајмен во некоја екипа од Ла Лига за да може да напредува, но и да се аклиматизира во Шпанија, но Хрватот не размислува така.
Батурина иако има само 21 година, веќе собра 130 сениорски настапи за Динамо Загреб, на кои постигна 18 гола, а запиша и 34 асистенции.