Фудбалер на Емелек се сокрил под кревет, а киднапирани му се сопругата и детето

Фудбалскиот свет го потресе страшна вест од Еквадор, бекот на Емелек, Џексон Родригез, беше жртва на брутален вооружен грабеж.

Напаѓачите упаднале во неговиот дом во Гвајакил во ситните ноќни часови, а 26-годишниот фудбалер се сокрил под креветот, додека неговата сопруга и петгодишниот син биле киднапирани.

Инцидентот се случил во средата околу 3.30 часот по полноќ по локално време, кога маскирани лица ја скршиле влезната врата од имотот. Според полицијата, киднаперите го барале Родригез, а откако не го нашле, му го киднапирале семејството.

Фудбалерот се криел под кревет, а преку прозорец ги видел киднаперите и тврди дека побегнале со сив пикап.

Еквадорските власти веќе прогласија вонредна состојба во девет региони на земјата.

- Оглас -

Најнови вести