Фудбалер на Флуминенсе бил изненаден од бездомник во својата соба во САД

Флуминенсе е на чекор од пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство, но нивниот фудбалер Игнасио бил непријатно изненаден во базата на клубот во Сојузната американска држава Јужна Каролина.

Кога фудбалерите си заминале во своите соби, тој не можел да ја отклучи вратата бидејќи била заклучена одвнатре, па морало да интервенира обезбедувањето.

Изненадувањето следувало кога успеале да влезат внатре. Во собата имало човек кој спиел, а бил идентификуван како бездомник, па сите останале во неверување како тој успеал да го заобиколи обезбедувањето и не само да влезе во хотелот, туку и во собата.

Откако било констатирано дека не недостасува ништо, а собата е уредна, човекот бил пуштен да си замине.

Флуминенсе е лидер со шест бода во група со Челзи, Есперанс и Лос Анџелес.

- Оглас -

Најнови вести