Фудбалер на Интер игра со стари и искинати копачки во финалето од ЛШ?! (Фото)

Звучи неверојатно, но дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби, на финалниот меч од Лигата на шампионите против ПСЖ, игра со стари и искинати копачки.

Се работи за истите копачки со кои го даде голот против Барселона во 93-тата минута во полуфиналето во Милано, гол со кој го одведе мечот во продолженијата, после кои Интер се пласираше во големото финале.

Од фотографијата може да се забележи дека копачките се искинати, но веројатно му носат среќа на Ачерби и од суеверие ги носи и во Минхен. Сепак, Интер на полувремето има негатива од 2-0 и веројатно ќе остане без трофејот.

- Оглас -

Најнови вести