Навивачите на Манчестер јунајтед кои сè уште не можат да се созедат по историскиот дебакл во најголемото англиско дерби, поразот од 7:0 против Ливерпул, бараат од управата веднаш да му врачи отказ на напаѓачот Вут Вегхорст.
Дербито се играше на култниот стадион „Енфилд“ на кој еден од најпрепознатливите симболи се наоѓа во тунелот непосредно пред излез на теренот. Имено, на ѕидот стои грбот на Ливерпул на кој пишува „Ова е Енфилд“ и непишана традиција е секој фудбалер на Црвените пред да излезе на теренот, да го допре за среќа.
Но, тоа никогаш не го прават противничките играчи, посебно не тие на Јунајтед, се до неделата и напаѓачот кој во јануари пристигна на позајмица , Вут Вегхорст.
Тој беше дел од првиот тим на Јунајтед и непосредно пред да излезе на теренот, исто така го допре грбот на Ливерпул.
Weghorst just doesn’t get it bless him. pic.twitter.com/V2rAiAjINY
— Barstool Football (@StoolFootball) March 7, 2023
Поради тоа, навивачите на Манчестер јунајтед, бараат од управата експресно да му врачи отказ на Вегхорст, кој пак не крие дека од мали нозе навива за Ливерпул.