Реал Мадрид и Мајорка во четврток играат во полуфиналето на шпанскиот Супер куп во Џеда, Саудиска Арабија, но и пред овој меч главна тема е Винисиус. Дефанзивецот на Мајорка, Пабло Мафео, зборуваше за квалитетите на Бразилецот и имаше само пофални зборови за него.
„Мислам дека тој не е злонамерен човек. Има некои луѓе кои се злонамерни, но тој не изгледа како таков тип. Тој прави грешки како и сите ние, но мислам дека ако поправи некои работи, тој е многу добар.“ – вели Мафео.
Сепак, шпанскиот дефанзивец доби прашање и што би се случило доколу тој и Винисиус треба да се најдат во рингот на бокс-меч.
„Тоа може да се случи само во некој различен свет, во некој измислен живот, но мислам дека тоа ќе биде најгледаниот настан во историјата. Немам сомнеж дека ќе го победам, ќе го нокаутирам за 10 секунди.“ – додава дефанзивецот на Мајорка.