24.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Фудбалер на Манчестер сити ја доби наградата за најдобар гол на сезоната во Премиер лигата (Видео)

Фудбалерот на Манчестер сити, Омар Мармуш, ја доби наградата за најдобар гол на сезоната во Премиер лигата. Репрезентативецот на Египет голот на сезоната го постигна во 37-мото коло, на мечот против Борнмут, во 14-тата минута. Мармуш на 40-тина метри од противничкиот гол ја прими топката, тргна кон голот и со „топовски“ удар од 30-тина метри ја „искина“ мрежата на Кепа Аризабалага.

Наградата за најдобра одбрана во Премиер лигата му припадна на голманот на Астон вила, Емилијано Мартинес, за интервенцијата на мечот против Нотингем форест, кога од самата гол-линија ја изби топката после ударот на Николас Домингес.

- Оглас -

Најнови вести