Фудбалер на Милан го одбил Сити затоа што му понудиле да спие во Академијата

Алжирскиот интернационалец Исмаел Бенасер од 2019 година е дел од екипата на Милан иако неговата кариера можела да има и поинаков тек. Во 2015 година тој од францускиот Арлес се преселил во академија на Арсенал, за кого одигра и еден натпревар за сениорската екипа, а потоа преку позајмица во Турс и трансфер во Емполи пристигна во Милан.

Бенасер во таа 2015 година имал понуда и од Манчестер сити да се пресели во нивните редови. Како што вели, се било понудено, пристигнал во Манчестер, но било кажано дека треба да биде сместен во објектот на Академија. Сè било фантастично, но Алжирецот сакал со себе да ја понесе и неговата сестра, но од Граѓаните не сакале да му дадат приватен стан и инсистирале да спие во Академијата со останатите млади фудбалери.

Тоа било клучно да одлучи да се пресели во Арсенал и да ја одбие понудата на Манчестер сити, одлука за која вели дека била многу тешка.

- Оглас -

Најнови вести