Фудбалерот на Њукасл, Алан Сен-Максимен, следната сезона ќе настапува за Ал-Ахли во првенството на Саудиска Арабија. Тој со “страчките“ обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, но се чини дека тоа не е доволен предизвик за него.
Њукасл за 26-годишниот фудбалер ќе добие 30 милиони евра. Сен-Максимен веќе ги мина лекарските прегледи во Ал-Ахли и се очекува само уште неговата официјална презентација.
Поранешниот младински репрезентативец на Франција во својата кариера настапуваше за Сент Етјен, Монако, Хановер, Бастија и Ница, од каде во 2019-тата се пресели во Њукасл за 25 милиони евра.