Фудбалер на Пачука имал расистички испад на мечот против Реал Мадрид?! (Видео)

Мечот помеѓу Реал Мадрид и Пачука (3-1) имаше трето полувреме во кое во главните улоги беа Антонио Ридигер и Густаво Кабрал. Германскиот дефанзивец пријавил дека бил навредуван на расна основа, па тоа било и причината за мешаницата, а според тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, судијата бил информиран за навредите кои ги упатил Кабрал, за кои постапува и ФИФА.

„Тони ни кажа за инцидентот, ние го поддржуваме и чекаме да видиме што ќе се случи. Мислам дека протоколот за истрага од страна на ФИФА е активиран. Ако ова навистина се случило, тогаш треба да се преземат сите мерки. Ние го поддржуваме Антонио бидејќи ова е нешто неприфатливо. Ние веруваме во тоа што ни го кажа Тони“, рече Чаби Алонсо по мечот.

- Оглас -

Најнови вести