20.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Фудбалер на Партизан бил каснат од куче во пределот на лицето

Одбранбениот играч Натан Де Медина, поради бизарна причина денеска не е во составот на белградски Партизан на гостувањето кај Јавор во Ивањица.

Де Медина бил гризнат од куче во пределот на лицето, па морал да прими инјекција тетанус, и не е во можност да игра фудбал. Не е познато дали инцидентот се случил вчера, или утрово пред тимот да отпатува.

Инаку, Де Медина во Партизан дојде летоска, но уште нема ниту еден настап на официјален меч. Се очекуваше да добие шанса да дебитира денеска, но ќе мора да почека.

- Оглас -

Најнови вести