Фудбалер на ПСВ има туберкулоза

ПСВ Ајндховен објави дека еден од фудбалерите во првиот тим е дијагностициран со активна туберкулоза.

Засега идентитетот на играчот не е објавен, но тој се чувствува добро и е во изолација бидејќи болеста е заразна. Медицинските служби веднаш реагирале и ги презеле сите неопходни мерки.

„Еден од играчите на ПСВ е дијагностициран со активна туберкулоза. Тој е свесен и се чувствува добро во дадените околности. Иако ризикот од ширење на инфекцијата е мал, ситуацијата внимателно се следи според стандардните протоколи. Пулмолозите и медицинските тимови на ПСВ ги презедоа сите неопходни мерки. Започната е истрага за изворот и контактите, а сите засегнати страни се информирани. Засега нема докази дека некој од неговата околина е заразен“, стои во соопштението на клубот.

ПСВ исто така нагласи дека целосно го поддржува играчот во неговото закрепнување и побара почитување на неговата приватност. Клубот ќе ги сподели сите понатамошни информации преку официјалните канали, но во моментов нема да дава дополнителни изјави.

Неофицијално, се работи за Лукас Перес, фудбалерот кој дојде пред еден месец во клубот, а во минатото играше и за Арсенал.

Што се однесува до спортскиот аспект, ПСВ моментално е на втората позиција на табелата во холандското првенство со 58 бода, шест помалку од лидерот Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести