Фудбалер на ПСЖ не играше на дербито против Марсеј бидејќи е обвинет за силување

Мароканскиот репрезентативец и член на ПСЖ, Ашраф Хакими, се наоѓа под полициска истрага поради обвинение за силување кое го поднесе 23-годишна девојка.

Таа во полиција дала исказ дека првиот контакт со Хакими го направила преку „Инстаграм“, а по едномесечно допишување, фудбалерот ја повикал во нејзиниот дом, каде што наводно ја силувал.

Иако девојката се противела, Хакими и ја соблекол маичката и не запрел на тоа, но таа некако успеала да го оттурне со нозете и да го напушти станот, пишува весникот Ле Паризиен.

Хакими не беше дел од тимот на ПСЖ кој изминатиот викенд славеше со 3:1 на гостувањето кај големиот ривал, Олимпик Марсеј.

Тој, наводно, бил сам дома бидејќи сопругата и децата биле на одмор во Дубаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести