Фудбалер на Рома се обложил дека ќе добие жолт картон и навистина го добил во 94-тата минута (Видео)

Голем скандал ја тресе Италија деновиве во кој се вклучени поголем број на фудбалери кои нелегално се обложувале на натпреварите на кои играле. Во приказната влегува и фудбалерот на Рома, Никола Залевски, кој се обложил дека ќе добие жолт картон на дуелот против Салернитана, одигран на 22-ри мај.

За чудо, полскиот репрезентативец навистина доби жолт картон на овој натпревар и тоа во 94-тата минута, а погледнете и како.

https://twitter.com/collinabanter/status/1712868476426076587?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1712868476426076587%7Ctwgr%5E145549efb18f303e387c4363c877e48bd66e6d43%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fnicola-zalewski-roma%2F460575

Италијанските репрезентативци кои се обвинето за обложување, Сандро Тонали и Никола Заниоло, веднаш го напуштија кампот на италијанската репрезентација. Тоа не е случај со Залевски, кој останува во составот на полската репрезентација и според информациите не се чувствува виновен. Од фудбалскиот сојуз на Полска велат дека не добиле никаков документ дека нивниот фудбалер е обвинет за нешто и тој останува дел од репрезентацијата.

- Оглас -

Најнови вести