Фудбалер на Сампдорија има Коронавирус, а играше против Верона

Нов потврден случај на Коронавирус во Италија, овојпат заразен е фудбалерот на Сампдорија, Маноло Габијадини. По Ругани од Јувентус, 28-годишниот Габијадини е вториот играч од Серија А кој е позитивен на тестот за вирусот Ковид-19.

Од Сампдорија велат дека ги активирале сите процедури за изолација и дека нивниот напаѓач има мала треска. И самиот Габијадини, кој сезонава даде седум гола на 23 меча, даде изјава и рече дека неговите пријатели не треба да стравуваат за него бидејќи добро се чувствува.

Габијадини играше на 8 март против Верона, па останува да се види дали вирусот му го пренел на уште некој играч.

- Оглас -

Најнови вести