Голем скандал ја тресе фудбалска Шпанија, откако медиумите на Пиринеите објавија дека денес е уапсен фудбалерот на Севиља, Кике Салас, под обвинение дека намерно добивал жолти картони за да овозможи на членови на неговото семејство, но и на негови пријатели да се обложуваат.
22-годишниот дефанзивец оваа сезона има добиено три жолти картони, а од шпанската полиција не објавуваат за кои натпревари се работи и дали воопшто се истражуваат мечеви кои се играни оваа сезона или се од претходно.
Салас потекнува од академијата на Севиља, а неговата вредност во моментов изнесува осум милиони евра.