Дефанзивецот на Шкендија Сабит Билали се најде во центарот на вниманието по завршување на денешните мечеви во Прва лига на Македонија, но не поради некој убав фудбалски потег, туку поради дивеењето на теренот. На дуелот против Академија Пандев во Тетово, во финишот на мечот, Билали целосно ја загуби самоконтролата.
Се играа последните секунди од средбата која заврши 1:1, кога Билали најпрво турна на земја еден гостински играч, но тука не застана. Билали потоа нокаутираше втор фудбалер на гостите, а потоа додека играчот на Академија Пандев лежеше на земја, Билали го удри со клоца во грбот.
За овој потег Билали заработи црвен картон, а Дисциплинската комисија треба да одлучи колку време ќе биде суспендиран играчот на Шкендија за еден ваков неспортски испад.