Фудбалер на Србија има чуден ритуал пред натпревар, оди бос на теренот

Фудбалскиот репрезентативец на Србија, Вељко Бирманчевиќ, ги изненади сите со својот необичен ритуал пред натпреварите, кој не го избегна ниту на Европското првенство.

Бирманчевиќ беше на клупата за двaтa натпревари на Србија на ЕВРО 2024, и против Англија (1:0) и против Словенија (1:1), а во двата случаи пред натпреварите излегуваше бос на теренот.

Бирманчевиќ ги соблекуваше копачките и чорапите и босоног одеше по тревникот на стадионот, а за тоа што постигнува со таквиот ритуал, интересно, не сакаше да зборува.

„Тоа го правам и во клубот. Тоа не се открива, не сакам да откријам“, кратко изјави Бирманчевиќ на прес-конференцијата на прашањето од новинарите за ритуалот.

Србија својот следен натпревар на ЕВРО 2024 го игра во вторник против Данска, кога ќе бара победа за пласман во осминафиналето на турнирот.

„Играв во Шведска, знам како размислуваат Скандинавците, играат одличен фудбал, тактички се добро поставени, во секој момент знаат што прават, но ние немаме опција за комфор. Стигнавме до ѕидот, нема назад и може само напред. Ако сакаш напред, мораш да победиш. Многу научивме од овие два натпревари, подготвени сме да дадеме сè за Србија и за навивачите кои дојдоа да нè поддржат“, изјави репрезентативецот на Србија.

Бирманчевиќ ова лето ќе го промени клубот, бидејќи од Тулуз ќе премине во Спарта Прага, која за неговиот трансфер плати 2,3 милиони евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести