Со необична ситуација се соочува фудбалерот на Црвена ѕвезда, Гулер Канга. Овој играч е повикан да објасни пред Африканската фудбалска федерација (ЦАФ) за деталите околу неговото раѓање.
Биле пронајдени нелогични податоци според кој, мајката на Канга починала во 1986 година, а во податоците на фудбалерот стои дека е роден во 1990 година. Според официјалните податоци Канга е роден на 1 септември, но неговата мајка е почината четири години порано.
Сомнежите се дека Канга воопшто не е роден во Габон, туку во Демократска Република Конго. Според тој податок, Канга е роден на 5 октомври 1985 годинаво Киншаса.
Истрагата започнала пред две години, а сега Канга ќе мора пред Комисија да објаснува некои нелогичности. Канга дебитираше за Габон во 2012 година и досега има одиграно 60 меча за оваа африканска селекција. Во кариерата, во Европа освен за Црвена ѕвезда има играно и за рускиот Ростов и Спарта од Прага.