Шведското обвинителство поднесе обвинение против четри лица за местење натпревари. Двајца од обвинетите се фудбалери, еден играч од шведската прва лига и еден од пониските лиги.
Фудбалерот чие име уште не се открива, а бил дел од елитното фудбалско натпреварување во Шведска е обвинет за намерно добивање жолт картон на меч во мај 2019 година. За тој добиен картон, играчот од обложувачката мафија заработил 30.000 евра награда.
„Веднаш по мечот, фудбалерот добил поголема сума пари од луѓето кои се обложиле на тој натпревар“, вели Штафан Едлунд од Националната единица за борба против корупцијата.
Фудбалерот кој игра во клуб од пониските лиги во период од април до август 2019 година дури шестпати примил мито, па сега се соочува со затворска казна во траење од две години, исто како и играчот кој намерно заработил жолт картон.