Фудбалер од дебитантот во српската Суперлига прави милионски трансфер во филијалата на Челзи

Милош Луковиќ е непознато име во нашата фудбалска јавност, но тој е фудбалер на дебитантот во српската Суперлига, ИМТ од Белград, а сега ќе го направи трансферот од соништата.

Според стручњакот за трансфер, Фабрицио Романо, тој е на пат за Франција, каде што ќе потпише за моментално деветтопласираниот Стразбур, кој е филијала на премиерлигашот Челзи.

ИМТ од Нов Белград за неговиот трансфер ќе добие пет или шест милиони евра, сума која во моментов е само шпекулација, но веројатно е многу блиску до вистината, која ќе биде откриена наскоро.

Интерес за Луковиќ имало и од Манчестер сити, но и од московските екипи Динамо и Спартак.

- Оглас -

Најнови вести