9.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Фудбалер од Гана „згрме“ песна од Синан Сакиќ, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)

Новиот фудбалер на српскиот второлигашки клуб РФК Нови Сад, Обенг Реган од Гана, имаше спектакуларно претставување пред своите тимски колеги.

Реган, кој долго време игра во Србија, ја подобрува атмосферата во тимот, а за да се покаже пред новите соиграчи, се качи на маса и запеа „Хвала ти за дане“, песна од неговиот омилен пејач Синан Сакиќ.

Останатите играчи на Нови Сад кога го слушнаа, гласно се смееја, а потоа му се придружија и му даваа ритам на „пејачот“ Реган. Сопругата на 28-годишниот Реган е од Нови Сад, а и на нивната свадба во 2015 година се пеела песната од покојниот Сакиќ.

Погледнете ТУКА како изгледаше и како звучеше кога Реган запеа познат српски хит.

- Оглас -

Најнови вести