Дефанзивецот на англискиот нисколигаш Спалдинг јунајтед, Луис Вајт, патувал седум часа со автомобил за гостински натпревар откако го погрешил градот во којшто ќе играат.
Спалдинг му гостувал на Бјури таун, но на навигацијата внел погрешен Бјури, оној во Манчестер, а грешката ја забележал дури откако пристигнал на погрешниот стадион. Веднаш се упатил кон Суфолк, каде што се играл мечот и пристигнал дури откако натпреварот веќе започнал.
За неговото патешествие бил награден со неколку минути во второто полувреме и како што вели тренерот на Спалдинг, помогнал да се сочува водството од 2-1 и освојувањето на трите бода.